9 мита за кондомите што треба да ги заборавите

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Летото дојде и предрасудите паѓаат еднa по еднa. Секси голи тела, забави на плажа и покрај базенот, многу коктели и флертови сето тоа доведува до зголемено либидо и сексуалните импулси како да летаат во воздух. Повеќето од вас се добро образовани за сексуалниот  однос, но се уште настануваат заблуди и митови во врска со заштитните средства, кои можат да доведат до несакана бременост или болести кои се пренесуваат по полов пат.653f72731db0f44d6b93c82d5023c9a4

Еве и кои се најчестите митови за кондомите

1. Мора да имате 18 години, а да може да купите кондоми.

Апсолутно неточно! Во повеќето прехрамбени синџири и големи продавници и повеќе млади тинејџери можат непречено да си купат кондоми. Во некои клиники и ординации за сексуално здравје пак тие се нудат потполно бесплатно.

2. Нема потреба да користите кондом при орален или анален секс.

Напротив! И без кондом нема да забремените при овие активности, но пак има шанса да се фати некоја болест, габи или бактерии.

3. Кондомите немаат рок на траење.

Грешка! Како и секој производ и тие имаат рок на траење кој задолжително е означен на пакувањето. Ако користите производ со истечен рок на траење, квалитетот на кондомот нема да е на ниво и тој може да се скине.

4. Кондомите се непријатни и ја намалуваат чувствителноста за време на чинот.

Истражувања покажуваат дека тоа не е точно. Паровите може да го искусат апсолутно истото задоволство за време на секс со кондом, какво што доживуваат и без. А и доста понепријатно би било да правите абортус или да се лекувате од некоја сексуално пренослива болести.

5. Два кондома се побезбедни од еден!

Користењето на еден кондом е сосема доволно. Ако ставете два има голема веројатност тоа да ја намали нивната ефикасност и при контактот на латекс материјалите тие да загубат еластичност или да се скинат.

6. Може да користите било каков лубрикант со кондоми.

Повеќето кондоми имаат сопствено подмачкување за максимална удобност и задоволство, но ако се потребни дополнителни изберете лубриканти базирани на водна или силиконска основа. Оние кои имаат масти го јадат материјалот на кондомот и ја намалуваат неговата отпорност и заштитна функција, па дури и може да доведат до кинење.

7. Кондомите можат да бидат поставени по средината на актот или непосредно пред ејакулацијата.

Не само што ова е непријатно, но и нема да ве заштити од различни болести. Пред-ејакулација, која е во форма на неколку посветли од спермата капки течност исто така може да пренесе зарази, а во некои случаи дури и да содржи сперматозоиди, кои доведуваат до несакана бременост.

8. Може да ги чувате кондомите насекаде.

Не ги чувајте на места со високи или премногу ниски температури, како и во тесни простори (дури ни џебови). Постојаното триење во друга површина дури и во пакувањето може да го оштети слојот и да пукнат при употреба. Несоодветните температури доведуваат до истото.

9. Алергија на латекс е веродостоен изговор да не користите кондоми.

На пазарот веќе се продаваат кондоми кои не содржат латекс.