Без разлика дали тоа ќе биде првиот секс или само средба со новиот партнер, неколку трикови никогаш нема да ви попречат за пријатното познанство со новиот човек.
Не очекувајте веднаш магичен секс. Вие воопшто не се познавате и ви треба време да се навикнете еден со друг. Затоа влезете во првата ноќ со уживање.
Дишете длабоко. Возбудата не ви дозволува да се релаксирате. Можете да го направите тоа заедно.
Дајте му да влезе кога сте доволно навлажнета или користете масти на база на вода, за да избегнете непријатност.
Првиот пат не заборавајте за кондом, дури и ако сте заштитени со други средства.
Не грижете се да кажете што не ви се допаѓа. Ако вашиот партнер е млад играч, тој едвај има големо искуство во комуникацијата со женското тело. Дури и да се средбата со постар маж, нема да пречи да споделите што сакате. Никој освен вас не знае што најмногу ви се допаѓа.
Не очекувајте оргазам при првиот секс. За да се дојде до тоа, треба да се релаксирате, а за таа цел треба да се има доверба во партнерот. Но се уште не се познавате добро и ви треба време да се навикнете еден со друг.
Не имитирајте оргазам при првиот сексуален контакт. Без да сакате ќе ги заплеткате работите, бидејќи тој ќе одлучи дека прави сè врвно и повеќе нема да се труди. И никогаш нема да разбере што всушност сакате.