
Полскиот Уставен суд денеска се произнесе против збир од владини реформи, чија цел е да го промени начинот на работа на Трибуналот. Оваа одлука дополнително ќе ја продлабочи континуираната со месеци уставната криза во земјата, пренесува “Ројтерс”.
Продолжениот ќорсокак во конфликтот меѓу владејачката колаиција и уставниот суд доведе до пад на инвеститорски интерес за најразвиена економија на земја членка на ЕУ од Источна Европа.
Минатиот месец Брисел одлучи дека владата има само три месеци да се справи со кризата, инаку против Полска може да се преземат санкции – како лишување од право на глас и замрзнување на европските фондови.
Откако убедливо победи парламентарните избори минатата година, партијата “Право и правда” на Јарослав Качински постојано се обидува да го промени начинот на функционирање на судот, вклучувајќи го редоследот по кој треба да се третираат студии на случај. Покрај тоа власта ги откажаа одлуките на претходната влада за назначување на нови судии и номинира свои кандидати.
Според критичарите реформите имаат за цел да постигнат во Трибуналот поддржувачи на “Право и правда” и така да се запре можноста на судот да укинуваат контроверзните закони.
ЕУ започна невиден постапка против Полска за проверка на владеењето на правото, а во јули и се закани на Варшава со санкции – решение, опишано од луѓето на Качински како предвремено.
Еден од најблиските сојузници на Полска – САД – постојано изразува загриженост од случувањата. За време на посетата минатиот месец по повод самитот на НАТО претседателот Барак Обама ја повика владата да стори повеќе за да ја совлада кризата.
Судија Андреј Вробел од Уставниот суд објасни дека Трибуналот е гарант за почитување на демократскиот баланс помеѓу институциите. “Сите прописи поврзани со судот, треба да се такви што да не се меша во неговата способност да работи”.
Владејачката партија го отфрли мислењето на судиите уште пред тоа да биде изречена, коментирајќи дека за да имаат основа Трибуналот треба да има правна вредност, тие треба да одговараат на новите правила за работа.
Лидерот на “Право и правда” Јарослав Качински ги обвини судиите дека намерно ги блокираат обидите за реформи на владата. Но според опозицијата ако судот биде коперативен според новите правила, ќе треба да ги признае назначувањата на тројцата судии именувани од владејачката партија, кои веќе беа одредени за нелегални. Покрај тоа Трибуналот ќе треба да признае и назначувања на судиите од претходната влада, кои се најблиски до “Право и правда”.
Засега не е јасно како Владата ќе излезе од создадениот ќорсокак пред поставеното од ЕУ краен рок во октомври.