Форин полиси: Кинеските војници- начитани, но и смртоносни

од desk3
57 прегледи

kina1

“Доброто железо не се користи за шајки и добрите луѓе не стануваат војници” гласи стара кинеска поговорка. Тоа се менува и тоа со брзина на војна. На глобално ниво зависноста од чиста човечка сила отстапува од фокусот на модерни системи и високо технолошки оружја, правејќи го образованието на личниот состав предуслов за секој напреден војник. Тоа не е пропуштено од Пекинг. Народно-ослободителната армија на Кина (НОА) претрпе масовно преуредување со образовани војници – и тоа функционира. НОАК своевремено се состоеше од регрутите најмногу со основно или со средно образование.
Но во 2001 година во неа почнаа да бидат регрутирани луѓе со универзитетско образование. Во 2014 година речиси 150 000 од 400-те илјади регрути за годината беа или студенти или завршени. Промената во насока образовани војници е дел од пошироките напори за модернизација на кинеските вооружени сили. Жигосани во 2001 година од поранешниот помошник-министер за одбрана на САД Час Фримен како “расклатена” сила, тогаш НОА користеше застарената опрема, имаше лошо учење и генерално ниско квалитетен персонал. Беше зафатена од корупција, како што беше учесник во различни комерцијални активности.

Уништувачката победа на САД во војната во Персискиот залив во 1991 година ја покажа на Кина важноста на модерните оружје и технологија, а кризата во 1995-1996 во Тајванскиот теснец – кога САД испратија два борбени групи и носачи на авиони како одговор на провокативните воени вежби на Кина и ракетни тестови близина на Тајван – го истакна недостатокот во Кина на современо оружје и неподготвеноста на земјата против САД. Кинеските лидери и воените стратези беа принудени да се соочат со суровата реалност: нивната земја е лошо опремена да води војни против модерни противници.

kina2
Следејќи ги новите раководни линии од 1993 година на тогашниот претседател Џијанг Цзмин, НОА започна модернизација, која продолжува и денес. Тоа го постави почетокот на трошење на средства во периодот 1994 до 1999 година, во кој буџетот за одбрана на Кина се зголеми повеќе од двојно, и вклучуваше лансирање на амбициозна програма со која стекна руска опрема, инвестираше во локалниот развој и се менувааа копнените сили , поморските, воздушниѕе, ракетните, вселенските и сајбер војниците. Овие реформи настојувале кон зголемување на воените можности до ниво кое би можело “решително и целосно да ја победат” независноста во Тајван (како што е наведено во Белата книга на Кина 2004г.), да се заштити она на кое Кинезите гледаат како на суверена територија во источното и јужното Кинеско море, и да се обезбеди сигурно одвраќање, што ќе ги зголеми трошоците за САД, за да учествуваат во некаков конфликт во близина на границите на Кина.
Буџетот за одбрана на Кина – проценет меѓу 145 и 215 милијарди долари годишно, во 2015 година го забрза постигнувањето на кинеската воена моќ. Силите сега можат да се пофалат со модерни балистички ракети, различни видови ракети, нуклеарни подморници, модерни надводни бродови и авиони; како и дополнителен напредок во развој во области на вселената, во сајбер и на електромагнетниот спектар. Прашањето сега е дали персоналот е образован доволно за да му бидат обезбедени за користење нови можности.

kina3
До 2011 година Законот за воената служба во Кина велеше дека две третини од сите регрути ќе дојдат од руралните области; на луѓето од оваа група им требаше деветти клас образование, за да се квалификуваат. Останатата една третина требаше да бидат дипломирани гимназисти, кои ќе доаѓаат од градовите. Според истиот закон учениците беа ослободени од задолжителната воена служба; и дури на заинтересирани студенти беше спречувано да пристапуваат во армијата.

Резултатот беше војници во голема мера без универзитетско образование. Работите почнаа да се менуваат во текот на 2011 година. Во март поранешниот претседател Ху Џинтао изјави: “Војската се соочува со постојани тешкотии при регрутирањето на војници кои го задржале професионализмот” и додаде дека “ние треба да најдеме решение на овие проблеми преку регулирање и реформирање на соодветните политики и институции.

“Неколку месеци подоцна, во октомври, властите го носат Законот за воената служба,и ја укинаа клаузулата за спречување на регрутирање на студентите и предложија серија од стимуланси, како за завршен универзитет, така и за студентите кои ја одложуваат своето едукација, за да служат во НОА, вклучувајќи простување на студентски кредити, грантови за учење за студентите кои продолжуваат студиите по воената служба, дополнителни поени на постдипломски испити по службата, како и директни промоции на офицерски позиции за луѓе со високо образование со исклучителна перформанси. Покрај учениците кои се враќаат во универзитет по службата, имаат можност да ги променат нивните специјалности, кои обично се одредуваат од резултатите од приемните испити на универзитетот, а не по личен избор.

kina4
По завршувањето на воената служба учениците и дипломците исто така можат да добијат олеснување на даноците ако започнат бизнис, или преференцијален статус при регрутирањето на државни службеници, селекција на кадри по градовите и во конкуренција за слатки позиции во јавните претпријатија. Во некои случаи студентите или неодамна дипломирани може дури да се во состојба да го променат своето hukou, систем за регистрација, кој го дава на кинеските граѓани правото да добиваат државни социјални услуги и бенефиции само во местата на раѓање.

Додека системот е омрезен, промената на нечие hukou на друг начин е феноменално тешка задача. НОА исто така се грижи за брзото напредување во кариерата на својот зголемен образован во универзитети персонал. Во октомври 2011 година Генералштабот на НОА, генералното политичко управување и генералното логистичко управување , издадоа нови процедури, кои предвидуваат дека студентите кои ја прекинале својата универзитетска едукација и одбиваат постојана воена служба и дипломираните да се третират преференцијално при изборот на подофицери (подофицери ), како и кај испитите во воена академија.

kina5
Провинциите исто така го “засладуваат чајот” со применети или планирани политики. На пример провинцијата Хубеи во централниот дел на Кина објави дека ќе даде над 3200 долари на нови воени службеници, кои ги имаат завршено локалните универзитети, како и дека за нив ќе има познати субвенции по пензионирањето. Во јужната провинција Фуцзјан помеѓу 10 и 15% од позициите во државни институции или во државни претпријатија се резервирани за војници.

Можеби попривлечното е дека Пекинг ги зголеми семејните надоместоци на најмалку 3765 долари годишно, проширувајќи го опфатот за обука или студентски кредити за сегашни студентите до максимум 900 долари за студентите и додаде дополнителни 10 поени за националните постдипломски тестови на оние кои сакаат да ги продолжат своите студии по службата.
И, конечно, НОАК ги намали физичките ограничувања. Во јуни 2014 година армијата ги олесни показателите за висина, тежина и барања за вид, со што малку се зголеми бројот на учениците и дипломци, кои се погодни за воена служба. Реакциите на промените се позитивни. Во социјалната мрежа Zhihu студенти и дипломирани разговараат за предложените сега нови можности.

Во мај 2014 година анонимен штотуку дипломирал напиша: “Засега не сум си нашол задоволителна работа; да станам војник изгледа прилично добра можност “. Втор корисник се согласи, велејќи дека се наоѓа во многу слични околности и дека одлучил да оди во војска. И Луо, дипломиран од јужната провинција Гуангдонг, изјави за “Форин полиси” дека нејзиниот братучед, поттикнат од новите придобивки, се приклучил кон НОАК и служи во Хонгконг.
“Други роднини исто така се обидоа да се приклучат поради предложените нови придобивки и можности”, додаде таа, “но на крајот се откажаа поради стравувањата на родителите од живеење подалеку и континуираната корупција.” Луо рече дека иако засега пристапувањето кон НОА да не е многу популарна опција, овој чекор е “подобар отколку предходно”. Економската клима во Кина исто така делува позитивно на вклучувањето во армијата. Комбинацијата од револуција во високото образование и забавувачката економија ја намалува можноста за наоѓање на работа од неодамна дипломираните.

Во 2015 година високо образование во Кина завршија рекордни 7,5 милиони луѓе, што е седумкратно повеќе отколку само 15 година порано. Во 2015 година растот во земјата бил најмал од пред 25 година, поради што дојде до 15% невработеност кај неодамна дипломираните студенти (според некои бројката е околу 30%). Тоа ја прави идејата за пристапување кон армијата значително попривлечно.
Како што рече пред “Форин полиси” кој завршил на Харвард и побарал анонимност, “Мислам дека има повеќе стимулации за образованата младина да се приклучи кон НОА, бидејќи војската им нуди повеќе можности отколку едноставно да продава облека на Taobao” – популарна кинеска платформа за онлајн шопинг, каде е лесно да се заработат брзи пари.
Предностите од пристапување кон НОА се многубројни – и во споредба со пред неколку години се многу големи. Но, социјалните и културните фактори сеуште ги поттикнуваат младите и надарени во Кина да преземат други патишта. Додека кинеското општество како целина ја почитува НОА како институција, родољубието и револуционерната ревност, кои ја покриваа војската во првите децении на народната република, се работи од минатото, кои исчезнаа по 4 јуни 1989 година, кога НОА брутално ги потисна продемократските студентски протести , при што загинаа стотици или повеќе.
Женг Џпин, експерт за прашањата на националното право во одбрана, изјави за агенцијата “Блумберг” во 2014 година, дека “да се приклучат на армијата е повеќе избор на работа и се помалку последица од Патриотски ореол . “Сепак со напорите за привлекување на повеќе образованите, изгледа, се постигна брз ефект. Флотата на НОА (ФНОА), кој е збирна точка на модернизација, станува професионална. Сега е во состојба да понуди исклучително важна поддршка и обука за борба против пиратеријата, и во април американскиот контраадмирал Марк Хичкок направи висока оценка на “целосно професионалниот” на ФНОА во јужно Кинеско Море. Во јули 2016г. маневрите “Прстенот на Пацификот” (RIMPAC), најголемата меѓународна морска воена вежба во светот, американската флота и ФНОА успешно ја одржаа првата вежба за спасување на подморница во историјата на RIMPAC. Се разбира, не е јасно колку овој новоотворен професионализам произлегува од искуството во реалниот свет и подобро управува и контролира, и колку тоа доаѓа од зголемувањето на кадрите со високо образование. Она што е јасно е дека НОА претрпе значително преуредување за да привлече млади и истакнати. Инвестицијата е нова, и понатамошни резултати може сеуште да се очекуваат. / БГНЕС
————– Брајан Мур и Ренато Бареда “Форин полиси”.