Дамјан Манчевски заедно со волонтери и активисти на СДСМ денеска во поплавените подрачја

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Денеска продолжуваат активностите на СДСМ за помош на граѓаните од погодените подрачја на коишто им е најпотребна.сдсм

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски заедно со волонтери и активисти на СДСМ, со поддршка на специјализирани возила и денеска се со жителите на скопските населби погодени од невремето.

Активностите коишто ќе ги предводи потпретседателот Манчевски започнуваат во 09.00 часот утрово, на влезот во населбата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје (влез во населбата, кај бензинската пумпа на „Макоил“)

Акциите за помош продолжуваат во населените места Стајковци, Сингелиќ и Инџиково, а ќе биде поделана и хуманитарна помош во сите погодени подрачја.

Го покануваме Вашиот медиум да ги проследи настаните.