Џихадистичкиот терор во името на исламот ја дискредитира целата исламска религија. Дали исламот има проблем со насилството? И зошто во ерата на глобализацијата исламската вера ги испушта уздите на насилството?-анализира DW.

При нападите во Париз и Брисел терористи неселективно убија невини луѓе во името на исламот. Варварските злодела ја потресоа довербата во целата исламска религија. Џихадисти се повикуваат на исламот и оправдуваат убиствата со Куранот. За мирољубив дел од претставниците на оваа вера – 98% од 1,6 милијарди муслимани – тоа е погубно. Бидејќи нивната религија е поставена под генералното сомнение дека е агресивна.
Критичарите на исламот и голем дел од западната јавност тврдат дека исламот е генерално агресивен. Тие се потпираат на текстови во Куранот, претежно на сура 2,191 и 4,89 кои повикуваат да се убиваат неверниците. Само што работите не се така едноставни. Според теолозите е неспорно дека во Куранот се содржат исто толку тврдења кои го стимулираат и оправдуваат насилството, како и во Библијата.
“Тврдењата во Куранот кои го оправдуваат насилството, не се единечни”, посочува исламологот Томас Фолк од германската фондација “Конрад Аденауер”. Во еврејската и христијанската верска книжевност исто така има такви пасуси, истакнува тој. Во Писмата и на трите монотеистички религии се содржат текстови кои силно го вознемируваат денешниот читател, бидејќи воспеваат насилството, ја промовираат супериорноста над “неверниците” и потчинувањето на жените. Од клучно значење сепак е како се толкуваат овие текстови, смета Фолк.
Зошто сега?
Само со повикувањето на проблематични стихови во Куранот не може да се објасни зошто толку млади луѓе се обземени од насилството, убиваат луѓе во името на исламот. Истите стихови во Куранот, кои од 1400 години воспеваат насилството, во минатото не предизвикале тероризам како овој на т.н. “Исламска држава” (ИД). Зошто тогаш го предизвикуваат овие денови?
Беким Агај, професор по прашањата на културата и исламското општество на универзитетот во Франкфурт, нагласува дека Куранот настанал во историски услови, кои се сосема различни од денешните. Тогаш “меѓу племенските родови, народите и богатите обично царувала војна, а не мир”. Религијата е процедување во сите сфери на животот, бидејќи “државата, општеството, војната и мирот неизбежно биле оправдувани врз основа на религијата.”
Војна и мир
Куранот содржи упатства како за војна, така и за мир. Книжевниците биле оние кои ги толкуваат овие упатства во зависност од соодветната ситуација. Јасно е дека, сепак, работа е на државата, а не одделни муслимани, да одлучуваат дали извршувањето на насилство е оправдано или не. Од самиот почеток, сепак кај муслиманите тоа е токму спротивното – кога да се врши насилство се случувало по волјата на поединци.

Безброј се писанијата за тоа како треба да се толкуваат често спротивставените тврдења во Куранот за мирољубието и насилството. Трудови на таа стара дебата пополнуваат цели библиотеки. “Во исламската традиција одамна се обрна внимание на разликата меѓу историските услови во кои настанале текстовите и реалноста во која се гледаат”, вели Агај. Целта на ова разликување, според него, е текстот да се толкуваат според актуелниот контекст, кој одредува дали насилството е оправдано или не.
Денес политичките и културните претпоставки се сосема различни. Во ерата на глобализацијата, проблематични места во Куранот се извадени од контекст – токму на таквото толкување се повикуваат екстремистите. Врската со традицијата на исламската книжевност е во голема мера прекината во арапскиот свет. Џихадистичките бомбаши целосно ја исклучуваат. И во повеќето случаи тие се целосно неуки во однос на религијата и убиваат луѓе, без воопшто да знаат за Куранот.
За насилството

Тие го сценираат насилството така, како тоа да е извршено по архаичен завет на пророкот. Само што феноменот на исламскиот тероризам не е архаичен, туку денешен. Кога “самонаречени и самоавторизирани џихадисти” се повикуваат на Куранот, тоа е само затоа што тие случајно си присвојуваат “текстови, над кои инаку внимателно би бдееле исламските книжевници и државата”, истакнува Агај.
Покрај тоа, поради огромните тензии во арапскиот свет – од Сирија и Египет, и од Јемен до Мароко – религијата е политизирана. А естаблишментот на сунитските духовници нема со што да спротивстави на оваа политизација. Високи претставници на сунитскиот ислам, вклучувајќи ги и оние од Универзитетот Ал Азхар во Каиро, се дистанцираат навистина од теророт, но немаат ниту морална сила, ниту доволна компетентност за сериозен отпор на политизираната религија. Морално тие се дисквалификувани, бидејќи не одвојуваат и збор за неуспехот на политичката класа во нивните земји.
Теолошките книжевниците на сунитскиот ислам “не ја разликуваат последователно својата религија од дискредитирањето од злоделата на екстремистите”, вели за возврат Томас Фолк.
Само критичното толкување на Куранот може сериозно да ја промени оваа ситуација. Но оние кои се осмелуваат да ги критикуваат Куранот, веднаш се осудуваат како еретици. Тоа е огромен проблем за обичните муслимани, додава експертот. Не е доволно проблематичните пасуси во пишувањата на исламот да бидат едноставно игнорирани – како што го прават тоа повеќето муслимани, според кои нивната вера им наредува мирољубие и конструктивен живот. “Муслиманите треба критички да ги читаат светите списи и од критички да ги толкуваат проблематичните пасуси во нив”, истакнува ислалмологот Фолк.
Во арапскиот свет, сепак засега недостасува потребната за тоа духовна слобода. А и во европската дијаспора “историско-критично читање на Куранот не е нешто сосема природно”. Само тешкиот збор на самите муслимани на тие лоши пасуси во Куранот би придонел да се маргинализираат толкувањата кои водат кон радикалниот ислам.