
Ова е трето бомбардирање на руската далечна авијација по “Исламска држава” во рамките на овој месец
Бомбардерите на руската далечна авијација успешно се вратија на аеродромите на својата база по ударите по објектите на терористи во Сирија. Во околината на Дејр ез Зор Ту-22М3 ликвидираа голем број објекти на “Исламска држава”.
Според информациите на Министерството за одбрана на Русија како резултат на ударите биле уништени две командни местаи на терористите, шест складишта на муниција и оружје, два тенка и четири борбени возила на пешадијата, седум возила со зголемена проодност големо калибрено оружје.
Покрај тоа, ликвидирани се голем број џихадисти. Бомбардерите беа обезбедувани од авионите Су-30 и Су-35. Тие се базирани во базата Хмејмим на сириска територија.
Ова е трет лет во рамките на овој месец на руската далечна авијација за напади врз објекти на исламистите во Сирија.