Германија и Русија мора да го поддржуваат дијалогот, без оглед на постојните несогласувања, изјави министерот за надворешни работи на СРГ Франк-Валтер Штајнмаер пред студентите во Уралскиот федерален универзитет. “Не сме ја надминале кризата во односите …”, вели Штајнмаер.

“Но Германија и Русија не треба да си го вртат грбот, туку да го одржуваат дијалог”. Штајнмаер додаде дека е “важно да се избегнуваат недоразбирањата по прашањата за безбедноста”. Како причина за влошување на односите меѓу Русија и Германија Штајнмаер ги спомена настаните во Крим и Украина. Првиот германски дипломат исто така, истакна дека “интервенцијата на Русија во Сирија беше неочекувана”. Првиот дипломат на СРГ истакна дека “Русија носи посебна одговорност во Алепо, особено за обезбедување на хуманитарниот пристап”.
Според Штајнмаер не постои спротивставување меѓу Русија и Западот. “Треба да работиме заедно и да се најде пат за соработка по темите Украина и Сирија”, посочи Штајнмаер. Подоцна во денов Штајнмаер заедно со рускиот колега Сергеј Лавров во Екатеринбург, ќе ја отвори руско-германската летна школа “Пат на развој на енергетскиот сектор. Современи предизвици “. По настанот двајцата дипломати ќе одржат одделни преговори. / ТАСС, РИА Новости