По “рекордниот број на бомбардирања” за една ноќ во Украина претседателот Петро Порошенко не ја исклучува можноста да прогласи воена состојба, пишува “Комерсант”.

Порошенко ќе биде принуден “да прогласи воена состојба и мобилизација”, ако се влоши ситуацијата во источна Украина и Крим, ја цитира весникот вчерашната изјава на шефот на државата. Според зборовите на украинскиот лидер ноќта спроти 18 август била рекордна по бројот на бомбардирањето на границата меѓу Украина и сепаратистичките проруски Доњецка и Луганска народна република (ДНР и ЛНР).
Олександр Мотузјаник од администрацијата на Порошенко информира дека во текот на ноќта спроти четврток загинале тројца украински војници, а други шестмина се повредени, наведува “Комерсант”.
Порошенко истакна дека украинските вооружени сили се подготвени за отпор “на која и да било насока”. “Веројатноста конфликтот да ескалира останува значителна. Воопшто не исклучуваме полн обем на руско навлегување во сите насоки. Подготвени сме – нашите вооружени сили, за отпор на непријателот – и на исток, и на административната граница со Крим”, анекстиран од Русија во 2014 година, тврди украинскиот претседател, цитиран од весникот по Интерфакс.
Раководството на ДНР ги негира податоците за бомбардирањето и вети, ако Украина прогласи мобилизација, исто така да даде решителен отпор, пишува весникот.
“Претседателот на Украина, изјави дека Русија се подготвува да влезе во Украина. Нормално ли е тоа?”, ја цитира московскиот “Росијскаја газета” реакцијата на руското Министерство за надворешни работи – “реторичко прашање”, поставено од портпаролката Марија Захарова.
“Всушност дури не разбираме за што зборува г-дин Порошенко и за каков со полн обем упад и за каква инвазија воопшто станува збор. Односно е тешко да се разбере за што зборува. Тоа е”, додаде Захарова според “РБК”.