Состојки:
12 големи печурки шампињони
350 г сланина
300 г крем сирење
1 мала главица кромид
сол, црн и црвен пипер по вкус
200 г кашкавал
грутка маслец
Подготовка:
Исечете сланина на мали парчиња и запржете до добивање златна боја во малку масло, а потоа одвојте во чинија. Во истата маст запржете ги исечените рачки од печурките и кромидот. Ако е потребно додадете малку масло. Кога се подготвени, може да ја додадете сланината и зачините.
Конечно ставете го и крем сирењето. Кога сите состојки ќе се поврзат, може да ги наполните печурките. По желба посипете со малку кашкавал, потоа запечете ги печурките до подготвеност во загреана рерна на 200 степени.