Wall Street Journal посочи кој ја воскресна руската економија

од Vladimir Zorba
71 прегледи

20160824.dtuhopxsfy (1)

Директорката на Централната банка во 2014 година презеде шок мерки.

Две години по падот на цените на нафтата и воведување на економски санкции од страна на Западот Русија повторно стана привлечна земја за инвестиции, пишува The Wall Street Journal. Главна заслуга, според весникот, и припаѓа на шефот на Централната банка Елвира Набиулина.
Во вторникот, 23-ти август, валутниот индекс на ММВБ (Московска меѓубанкарска валутна берза) достигна рекордно ниво. Оваа година тој се зголеми за 25% и ја направи Русија шестата во листата од 23 земји со растечки економија по верзијата на MSCI Inc., забележува WSJ.

Покрај тоа рубљата порасна во однос на доларот за 13% и тој показател пја рави руската валута трета по отпорност меѓу земјите со растечки економија по верзијата на J. P. Morgan Chase & Co.

Многумина инвеститори, продолжува The Wall Street Journal, сметаат дека најголем дел за обнова на руската економија има директорката на Централната банка Елвира Набиулина.
Тие потсетуваат за нејзиното неочекувано решение да не ја приврзува рубљата кон долари во ноември 2014 година, а потоа нагло го зголеми процентот на стапка за спротивставување на одлив на капиталот и потекло на инфлацијата.

“Овие мерки беа болни за руската економија, која влезе во ненадејна рецесија поради потекло на курсот на рубљата, а исто така ја намалиа потрошувачката и куповна моќ. Со текот на времето, сепак, овие акции помогнаа да се врати верата на меѓународните инвеститори во руската економија, врз која продолжува да лежи сенката од банкрот во 1998 година – се наведува во публикацијата.

Во исто време правилни чекори на Централната банка ја обновија довербата кон рубљата и кон макроекономската политика на Русија, сметаат испитаниците од WSJ експерти.