
Eден вооружен човек зел заложници во „Ситибанк“ во центарот на Москва.
Тој се заканува дека ќе ја разнесе банката во воздух. Се верува дека има околу 60 години. Околу вратот има кутија од која излегуваат жици, наведува ТАСС. Исто така, руската агенција пренесува дека тој напоменал дека неговата акција не е насочена против банката.
Пред банката се наоѓаат полициски возила кои го блокираат сообраќајот. Полицијата ги спречува минувачите да ѝ се приближат на банката.