После секоја помината реколта лозарите повторно се со наведнати глави, празни џебови, неисплатени трошоци.
Скапото производство, бадијала вложениот труд, назадоволството од неисплатеното на и онака ниската цена на грозјето и оваа година не изостана.

Како и минатата година, и оваа грозјето ќе биде по иста цена, односно кратошија за 13 денари, а смедеревка за 11 денари.
Лозарите се разочарани. 10 години се соочуваат со иста цена на грозјето, а трошоците секоја година им се се поголеми и тие достигнаа 100 процентно зголемување.
Криминалната влада во заминување оваа година им вети на лозарите дека предаденото грозје ќе го исплатат најмногу за три месеца.
Повторно лозарите се изманипулирани, а веќе е почната новата реколта.
Голем дел од винарските визби не прават договори за тековната сезона, и огромен дел на грозје остранува без решен проблем.
Лозарите повеќе не можат да ги издржат ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа криминална власт троши милиони евра на Панорамско тркало во Скопје, а со тие пари ќе го решеше проблемот на лозарите.
Се организира Тиквешкиот гроздобер, кога има ниски цени на откуп на грозјето, нема обезбеден пласман за откуп и има најсиромашни земјоделци односно лозари во Македонија!
По демократските промени, новата влада предводена од СДСМ ќе се грижи за земјоделците и ќе обезбеди поефтино производство и гарантиран пласман на земјоделските прозиводи.
Преку мерките за поефтини репроматеријали, воведувањето на зелената нафта и други слични мерки значително ќе се намали производната цена а земјоделските производи ќе бидат конкурентни како на домашниот така и на странските пазари.