Индиската организација за вселенски истражувања (ИСРО) одржа денеска тестирања на суперсоничен ракетен мотор кој ќе ја намали речиси 10 пати цената на лансирањето. Тоа го пренесе телевизискиот канал Ен Ди Ти Ви.
Тестовите се изведени изутрина на космодромот на островот Шрихарикота во источниот дел на земјата.
“Ова е голем успех”, изјави директорот на вселенската агенција на Индија Киран Кумар. Новиот погонски систем работел околу пет секунди, но за тоа време ги потврди очекуваните карактеристики. Доктор Кумар вели дека новиот суперсоничен воздушен-реактивен мотор (SCRAMJET) нагло ќе ја намали тежината на моторот и целата ракета, како и цената на летовите.
Сега прикажувањето во вселената на еден килограм товар чини околу 20 илјади долари. Новиот мотор ќе им овозможи да се намали оваа цена до 10 пати, забележува телевизискиот канал.
“Индија влезе во престижниот клуб на земјите, кои поседуваат таква технологија”, рече Кумар. Сега во светот само САД и Австралија вршеле успешни тестирања на слични погонски системи.