(ФОТО+ВИДЕО) Култниот календар Пирели во 2017 со легендарни секси актерки

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Кејт Винслет, Хелен Мирен и Никол Кидман се меѓу 15-те дами кои ќе го красат календарот на Pirelli за 2017 година. Овогодинешното издание убавите и голи модели ги заменува со “актерките, кои имаат постигнато успех”. 7a86a8a5ed27e1e19813f176d5304f19

Зад изработката на календарот повторно ќе застане германскиот фотограф Питер Линдберг, кој ги собира уште актерките Ума Турман, Џулијан Мур, Пенелопе Круз, Шарлот Рамплинг, Леа Сејду, Алиша Викандер, Робин Рајт, Лопита Нионго, Руни Мара, Џесика Частејн, Анастасија Игнатова и Џанг Дзји.02-nicolekidman

Линдберг работел над изданијата од 1996 година во Калифорнија (El Mirage Desert)  и 2002 година во Лос Анџелес (Paramount Studio).03-penelopecruz

Славниот календар, кој се дава само како подарок за клиентите на марката се прави за прв пат од 1963 година. Издавањето е прекинато во 1974 година, но се враќа 10 години подоцна.04-robinwright 05-umathurman

Линдберг ги правел сликите за новото издание во Лос Анџелес, Њујорк, Лондон и Берлин.