Научниците од програмата СЕТИ пресретнаа необичен сигнал од вселената

од Vladimir Zorba
81 прегледи

1472542256-space-exploration-earth-message

Тој доаѓа од соѕвездието Херкул, која се наоѓа на 95 светлосни години од Земјата

Меѓународниот тим од научници од програмата СЕТИ, која цели да открие вонземски живот, истражува мистериозен сигнал. Пикови доаѓаат од ѕвезда во соѕвездието Херкул, која се наоѓа на 95 светлосни години од Земјата.

Невообичаениот сигнал е пресретнат на 15 мај 2015 година од радио-телескопот ратан-600, кој се користи од Руската академија на науките. Откритието е чувано во тајност до овој момент.

Ѕвездата е со име HD164595 и според научниците е многу слична на нашето Сонце. Досега е откриена една планета која кружи во орбитата околу неа.

Според математичарота Клаудио Мачоне, кој работи во програмата СЕТИ, и рускиот астрофизичар Николај Бурсов, сигналот треба да продолжи да се следи.

Според истражувачкиот тим тоа ги исполнува сите барања за намерно пренесување сигнали од вонземски живот.

Од Руската академија на науките се категорични дека сигналот треба да се следи. Наскоро од нив ќе се приклучат на екипата на СЕТИ, кои ќе пренасочат голем дел од радио-телескопите кон истото место на ѕвезденото небо.