Да се почитуваат законите и меѓународните конвенции за човекови права за Божиновски!

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Во пресрет на  протестот на ЗНМ во знак на поддршка на Зоран Божиновски кој е во притивор, СДСМ со соопштение:

сдсм

Македонија е земја на затворани и репресирани новинари и на неслободни медиуми. Власта на мафијашки начин се пресметува со сите свои неистомисленици, а новинарите се особено на удар поради природата на нивната професија. Извештаите на сите релевантни меѓународни организации, вклучително и на Репортери без граници и на Фридом хаус, потврдуваат дека Македонија е неслободна земја.

Случајот со новинарот Зоран Божиновски, кој се држи во притвор, уште еднаш ги потврдува овие констатации. Го повикуваме режимот во заминување на Никола Груевски да престане да ги злоупотребува државните институции и инсталациите од тефтерот на Јанкулоска во судството за да се пресметува со сите што не мислат како него и што не одработуваат за неговата мафијашка власт.

Исто така, апелираме да се почитуваат сите законски процедури и меѓународни конвенции поврзани со човековите права во врска со Зоран Божиновски, особено што станува збор за новинар.