
Политичките партии се убедени дека овојпат предвемените парламентарни избори ќе се одржат. Тврдат дека во предизборниот период граѓаните ќе бидат сведоци на разни спинови, обвинувања и критики, информира Телма.
СДСМ го обвини ВMРО- ДПМНЕ дека на секој можен начин се обидува да го попречи изборниот процес. Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека СДСМ се тие кои бегаат од избори и се обидуваат да манипулираат со јавноста.
Граѓаните на 11 декември ќе имаат можност да се изјаснат дали ќе ја подржат онаа политичка опција која нуди проекти, реформи, инвестиции и работни места или пак онаа која ја дестабилизира државата, велат од владејачката партија.
И аналитичарите предупредуваат дека не очекува бурен период проследен со постојани тензии. Превирањата, според Јове Кекеновски најмногу ќе се случуваат во Министерството за внатрешни работи.
Целиот текст можете да го прочитате тука