Астероид го доби името „Фреди Меркјури“

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Астероидот, лоциран меѓу орбитите на Марс и Јупитер беше крстен на името на легендарниот вокалист на “Квин” Фреди Меркјури.

5050884Соопштението доаѓа во денот на роденденот на пејачот, кој денеска требаше да наполни 70 години.

“Со радост соопштувам дека Центарот за мали планети го даде на астероидот 17473, отворен во 1991 година (годината на смртта на пејачот), името Фреди”, соопшти гитаристот на “Квин” Брајан Меј.

Небесното тело се наоѓа во главниот астероиден појас помеѓу Марс и Јупитер и има должина од околу 3,2 километри. Астероидот може да биде забележан од Земјата со телескоп. Според Џоел Паркер од Југозападниот истражувачки институт на САД новото име веќе е одобрено од Меѓународниот астрономски сојуз и небесното тело веќе официјално се нарекува “17473 Freddiemercury”.