ДИК: Бришењето е по закон – Најчевска нека ги тужи и пратениците

од Vladimir Zorba
120 прегледи

142725

Бришењето на гласачите е согласно последните измени што ги направи собранието по договорот на четирите партии, одговараат од ДИК по кривичната пријава што им ја поднесе професорката Мирјана Најчевска.

Оттаму велат дека секој има право на кривична пријава, но на Најчевска и порачуваат да ги тужи и пратениците, бидејќи тие гласале за законот.

Професорката во кривичната пријава вели дека членовите на ДИК ја злоупотребиле службената должност. „Мислам дека 5 години затвор е сосема доволна казна за членовите на ДИК да разберат дека не се неказниви, дека имаат одговорност да ги почитуваат законите и уставот, дека партијата не е над правото, и превентивно да се спречи идно вакво постапување на било кој државен службеник“, напиша Најчевска.