Откритие: Луѓето си создаваат “лажни сеќавања” за настани и темите кои ги возбудуваат

од Vladimir Zorba
75 прегледи

1473239126-shutterstock-326869622

Човечкиот мозок симулира моменти кои можеби никогаш не се случиле

Колку интересна ни е дадената тема, толку повеќе сме склони да си создадеме “лажни сеќавања” поврзани со неа. Ова го соопшти “Лајв сајанс”, повикувајќи се на истражување на Универзитетскиот колеџ во Даблин. Научници замолиле 489 лица да класифицираат 7 теми, како под број 1 стават најмногу интерес за нив, а под број 7 – најмногу здодевни.

Темите биле фудбал, политика, бизнис, технологија, филмови, наука и поп музика.
Секој од учесниците требало да прочита 4 “вести” за настани поврзани со најинтересните за него теми и уште 4 – за настани поврзани со неинтересни теми.

Во секој од двата случаи три од четирите настани навистина се биле случиле, а последното било измислица. По читањето, учесникот требало да го сподели однсоно дали ја запаметли секоја од приказните.

Резултатите покажале дека само 10% од луѓето изјавиле дека се сеќаваат на лажниот настан поврзан со најмногу здодевните за нив теми, но цели 25% од учесниците тврделе дека се сеќаваат на настан поврзан со највозбудливите теми.

Сличен бил и излезот при прашањата за настани поврзани со тема со која учесниците беа запознаени.

Кога човек ќе сретне нови информации за тема која го возбудува или со која е добро обучен, веста може да разбуди сеќавањата за слични настани кои се “регистрирани” во неговиот мозок, објаснува Сиара Грин, коавтор на истражувањето и психолог во Универзитетскиот колеџ во Даблин . “Тоа доведува до чувство на нешто познато во новиот материјал и верувањето дека оваа информација била појава и пред да постои во меморијата”, додава таа.