Слатките пити се малиот црн фустан во кулинарството. Никогаш не излегуваат од мода. Дали ќе се со сезонски плодови на пролет или со тиква наесен, еден пита секогаш ќе ги задоволи и најкаприциозните вкусови.
Под пита ги имаме предвид тестата со фил од овошје, сирење, зеленчук, месо, мелено месо, чоколадо и други полнења. Еве и кои се највкусните слатки пити во светот, посочуваат од foodpanda.
Американска пита – Ова е најпопуларната пита, особено во американска кујна. Полнењето е од јаболка, што го прави вкусен избор за десерт или појадок.
Банана крем пај- На второ место се наоѓа Крем- питата со банани и чоколадо, која стана популарна од кујната во Сан Франциско.
Пита со карамел и бурбон- малку горчлива, оваа пита од Филаделфија победила на бројни конкурси.
Англиска пита со цреши- Таа е подготвена за првпат од двајца браќа, во француска слаткарница во Лондон. Денес оваа пита се нуди во речиси сите ресторани со ѕвезди Мишелин.
Француски чоколаден пај- Несомнено Французите ги прават највкусните кроасани и печива. Во производството на пити, исто не отстапуваат, со нивната чоколаднa пита.
Лимонова пита со кокос- оваа пита е распространета низ целиот свет. Таа се подготвува од парчиња лимони, кои стоеле во шеќер 3 дена. Во последните години сè почесто оваа пита се служи со рендан кокос.