Водовод со реакција на пресот на СДСМ: Скината цевка причина за затворање на улицата „Филип Втори“

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Причина за затворање на улицата „Филип Втори“ на 7-ми овој месец 2016 година е скината цевка Ф800, а не поради некоја од причините наведени на прес-конференцијата на Петре Шилегов, наведуваат од Водовод и канализација во реакцијата на прес-конференцијата на СДСМ.

водовод

Наведуваат дека екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје веднаш излегле на терен со екипи и механизација, по што стручно и целосно професионално следувало санирање на дефектот, а поради што и била затворена целата улица.

Ги повикуваат партиите да не се обидуваат да собираат политички поени од овој случај, во кои, како што наведуваат во реакцијата, самите знаат дека нема никаква политичка нота.