НАСА истрела OSIRIS-REx кон астероидот Бен од кој ќе земе мостри. Мисијата на OSIRIS-REx (Origins Spectral Interpretation Resource Identification Security Regolith Explorer) е третата и последна од програмата за истражување на најмалку изучените реони на Сончевиот систем.
Пред тоа беа New Horizons и Juno (Jupiter Polar Orbiter). Ракетата носач Atlas V стартува од мис Канаверал. OSIRIS-REx ќе го достигне астероидот Бен во 2018 година. Примерок од него во пловна капсула ќе падне на Земјата во 2023 година.
Мисијата има за цел да осознае различни аспекти од формирањето на планетите и раѓањето на животот на Земјата. При успешно враќање на програмата станицата OSIRIS-REx може да се користи и кај други истражувања на Сончевиот систем.
Дватонскиот вселенски апарат со големина на мал фургон ќе лебди околу Бен на растојание од околу 5 километри. Како резултат ќе се појави првата детална карта на астероидот. Станицата е опремена со 6 научни инструменти. Меѓу нив се спектометри кои овозможуваат блиско и далечно фотографирање во различни опсези, како и ласерски Rangefinders кои ќе помогнат во навигацијата и одредување на регионот, од кој ќе се земаат мостри.