
Според научниците вселенската карпа “чува материјал уште од првичното формирање на Сончевиот систем
Сондата OSIRIS-REx на НАСА беше истрелана од Кејп Канаверал во Флорида, со што се даде почетокот на долгогодишна патување до астероидот “Бенну”, пренесе АBС News.
Целта на вонземското рандеву е сондата евентуално да извади некое количество од површината на “Бенну” и да се врати на Земјата, каде што тоа ќе биде студирано во следните години, изјави за телевизијата еден од водечките научници на мисијата.
Астероидот, малку поголем од Емпајър Стејт билдинг, и е “многу внимателно избран, бидејќи ќе ни помогне да се постигне многу од нашите планетарни цели”, главната од кои е “подобро да се разбере потеклото на Сончевиот систем”, вели д-р Џефри Гросман.
Според научниците вселенската карпа “чува материјал уште од првичното формирање на Сончевиот систем.