(ВИДЕО) Русија успешно истрела балистичка ракета “Топол-М”

од Vladimir Zorba
80 прегледи

1473530193-clipboard01

Стратешките ракети од овој тип може да погаѓаат цели на растојание од 10.500 километри

Во Русија беше извршен успешен обид со интерконтинентална балистичка ракета “Топол” со експериментален борбен дел. Ракетата беше истрелана од космодромот Плисецк и ја погоди условна цел во регионот на Камчатка.

Целта на искуство е да се проверат способноста за летање на ракетата, нејзините борбени карактеристити и нејзината способност да совладува ПРО, соопштија од руското воено министерство.

Стратешките ракети од типот “Топол” можат да уништуваат цели на растојание 10.500 км.

Пред еден месец Русија успешно истрела и балистичка ракета од мобилен лансер “Искандер-М” при вежби во Далечниот Исток.