Количината нуклеарно гориво и радиоактивна енергија, која се наоѓа во планетата, може да биде пресметана до 2025 година, што ќе помогне за воспоставување на тоа до кога земјата ќе може да смета на овој свој извор на енергија.
Планетата има потреба од гориво, со што ќе ги извршува сите свои процеси – движењето на тектонски плочи, еруптирањето на вулкани, постоењето на магнетните полиња. Исто како хибриден автомобил, Земјата користи два извора за таква енергија – примарна енергија, останата од создавањето на планетата и нуклеарна енергија, која е формирана во земјината јадро од природниот радиоактивен распад на елементите во него. Досега научниците создале неколку модели, со кои ќе се пресмета колкаво количество енергија ќе остане на планетата, но резултатите од овие истражувања се наоѓаат во многу широки граници, пишува весникот “Фајненшл експрес”.
Тим на истражувачи од Универзитетот во Мериленд, од Карловиот универзитет во Прага и од кинеската Академија за геолошки науки тврди дека ќе може да пресмета колку точно гориво останува на земјата до 2025 година. За да може да се смета тоа количество, научниците ќе се потпираат на една од најмалите субатомски честички познати на науката – геонеутринот.
Овие честички се спореден производ од нуклеарни реакции во ѕвездите, вклучувајќи и нашето Сонце, во супернова, црните дупки и како резултат на човечка активност. Тие исто така се формираат и одтермонуклеарниот процес во земјината јадро. Со откривање на овие честички научниците ќе можат да воспостават колкаво количество од нив останува во јадрото на планетата.
Досега беа откривани антинеутринови тела, а што е геонеутриното се отркиваше исклучително бавно. Но, научниците се надеваат дека со влегувањето во употреба на три нови детектора до 2022 година тоа ќе се случи побрзо и полесно.
“Познанието за тоа колку точно радиоактивна енергија има во земјата ќе ни каже колку долго тоа гориво ќе се користи”, коментира Вилијам Макдону, професор од Универзитетот во Мериленд.