Будилник-вибратор им се нуди на Британките

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Британската компанија Gallus et Mulier претстави будилник вибратор Little Rooster S, пишува весникот “Дејли мејл”.5070074

Направата се става во гаќите пред ноќта. Таа има 30 вибрационен режим и ја буди сопственичката со зголемување на вибрациите. Цената на будилникот-вибратор е 90 долари. Тој е достапен во две бои – бела и розова.

“Разбудете се сексуално”, повикува рекламата на новиот хајтек производ. Според информации на сајтот Little Rooster испораките за САД и Велика Британија се бесплатни. Купувачите од други земји ќе треба да платат 7 фунти (околу 9 долари) за испораката.

Инструментот ќе биде обезбеден од октомври. Gallus et Mulier вети соодветен будилник и за мажите.