
Имаат ли исламистите омилени мобилни апликации и како најчесто разговараат за плановите за нови напади?
Прашањето е за еден милион или можеби за една милијарда евра. Или едноставно непроценлив заплет. Цената отскокнува драстично при секој нов напад.
Службите знаат многу, но не можат да направат многу. При последниот напад во црквата на нормандското градче Сен Етјен ду Рувре се покажа дека атентаторите се поврзани со таен разговор со мобилна апликација “Телеграм”.
Користен е и од напаѓачите на салата Батаклан во ноември. Тоа е нешто слично на повеќето распространети аплилации програмие – Viber и WhatsApp.
Со таа разлика што таму пораките се шифрираат и бришат во моментот кога се создадени.
Измислена од рускиот гениј за нови технологии Павел Дуров, освен за разговори мрежата може да се користи и за создавање на видео канали и јавен разговор.
Сите тие исклучително се добро заштитени, а неодамна фатените, кои имаа намера да ја експлодираат Лионската станица, според француската истрага исто така се потпирале и комуникација со апликацијата “Телеграм”. Во омилена апликација се прецизираат сите детали за попеколниот план.
Убиецот на францускиот свештеник во Нормандија исто ја искористил бесплатната апликација. Тој дури имал сопствен канал со околу 200 следбеници. Пред него врската ја искористиле и атентаторите во салата Батаклан.
Што се зборувале сите тие сепак е длабоко чувана тајна која службите не можат да разплетат во следните неколку години. Барем толку време ќе им е потребно за да декодиран сите разговори. Но тоа може да се случи само во согласност на 32-годишниот сопственик на компанијата.
Има ли желба да соработува со властите, зошто емигрирал од Русија и чувства ли вина за тоа дека џихадисти ја користат неговата апликацијата ќе читате на сајтот на “168 часа”