Водителот Џејмс Корден ги имаше скоро сите познати ѕвезди на своето шоу “Carpool karaoke”, како што се Џастин Бибер, Адел, Бритни Спирс и дури и Мишел Обама, но сè уште ги нема повикано најпознатите модели на денешницата, Кендал Џенер и Џиџи Адид.
Ова видео нека послужи како доказ, ако му треба убедување дека тие ќе бидат врвни гости.
Колешките манекенки, воедно и најдобри другарки, постираа видео од нив две како пеат во кола, нешто на изглед како аудиција со која би докажале дека тие би биле совршени патници за серијата заеднички пеења во хор на Корден.
Тие, целосно внесени, направија спектакуларен настап со песните “Can you feel the love tonight” од “The lion king”, “Super bass” од Ники Минаж и “You raise me up” од Џош Гробејн.
Да се надеваме дека ниту едната од нив не возеше во моментот.
Секако тие исто така носеа и координирани “бомбер” јакни. Погледнете ја монтажата подоле.
https://www.instagram.com/p/BKf-FIWD5FX/
М.С.