
Никола Саркози, кој води кампања да стане кандидат на десницата на претседателските избори во Франција во 2017 година, предизвика нова полемика околу националниот идентитет со изјавата дека во моментот во кој некој имигрант ќе стане Французин, а негови предци стануваат Гали, информира “Франс прес”.
“Ако сакаш да станеш Французин, тогаш треба да зборуваш француски и да живееш како Французин. Станеш ли Французин, твоите предци стануваат Гали”, изјави поранешниот француски претседател (2007-2012 година), кој е обвинет од противници дека се обидува да ги привлече избирачите на екстремно десничарскиот Национален фронт преку експлоатирање на темата за имиграцијата.
Саркози напомна дека неговиот татко е Унгарец, а неговиот дедо по таткова линија е Грк и истакна дека и покрај тоа не учел историјата на Унгарија или на Грција. Тој изрази жалење дека “интеграцијата не работи” и инсистираше на асимилација на странците кои сакаат да добијат француско државјанство.
Идејата да се сведе потеклото на сите Французи само до келтските народи, кои се населиле во Галија неколку века пред новата ера и да ја симболизира националната претстава од стриповите за авантурите на Астерикс, предизвика остри реакции, забележуваат агенциите.
Еден од противниците на Саркози на првичните избори Бруно ле Мер спомена дека има прабаба Бразилката и живеел во Алжир и изјави дека со сите овие корени се чувствува “целосно, целосно и гордо Французин”.
“Франција е доволно силна култура, за да може да се проникне од други култури, без да се негира од ништо од неговото јадро, односно од апсолутно прекрасна приказна, меморија, историска хронологија”, истакна Ле Мер.
А изјавата на Саркози ги обиколи социјалните мрежи, во кои корисниците се натпреваруваа со шеги и фотомонтажа на поранешниот претседател со рогатиот другар на Астерикс.
«Si Nicolas Sarkozy précise aujourd’hui que l’homme africain n’est pas assez entré dans… https://t.co/YsnBWgSOWv pic.twitter.com/vzk9AvMgH3
— Bondamanjak (@Bondamanjak) September 20, 2016
Министерката за образованието Нажат Валонија-Белкасем изјави дека Саркози очигледно има потреба од лекција по историја.
Verge – singe – étau -risque ?? #nosancetreslesgaulois #sarkozy #france #identite #Presidentielles2017 @lesRepublicains @partisocialiste pic.twitter.com/hSx3tlvArh
— Bondamanjak (@Bondamanjak) September 20, 2016
“Да, меѓу предците има Гали, како има и Римјани, нормандци, Келтите, Бургундци. Потоа Франција е анектира и други територии. Кон нас се приклучија жителите на Ница, на Корзика, на Фран-Конте, на Гвадалупе, на Мартиник , а потоа и Арапи, Италијанци, Шпанци. тоа е Франција. Доста сме се врзале “, изјави министерката.