На “Европа” е откриена “изненадувачка активност”.

Во понеделник НАСА ќе одржи прес-конференција, на која ќе претстави нови откритија за “изненадувачкаta активност на Европа” – еден од сателитите на Јупитер. Се очекува веста да е поврзана со новите докази за океаните на замрзнатата месечина, за кои се претпоставува дека се наоѓаат под нејзината ледена површина.
Научниците сметаат дека Европа е една од планетите на Сончевиот ни систем на која има најголеми шанси за постоење на вонземски живот.
Според американската вселенска агенција новите откритија се дело на телескопот “Хабл” и се поврзани со “активност која може да е поврзана со присуството на океани под површината на Европа”, пишува научното списание “Сајанс алрт”.
Веста е подготвена за прес конференција и таа е охрабрувачка, бидејќи научници веќе подолго време укажуваат дека месечината има големи солени океани под ледената површина, но без испраќање на апарат до неа тоа не може да биде потврдено.
Претходно оваа година истражувачи дури проценуваа дека евентуалниот хемиски баланс на океаните на Европа би биле исклучително близки до оној на земните, претпоставувајќи дека на Месечината океани имаат доволно водород и кислород за формирање на живот.
Обично повеќето течности, кои се наоѓаат на такво далечно растојание од Сонцето, би биле замрзнати, но се смета дека Јупитер има толку силно гравитационото поле што создава доволно приливи на енергија која ги држи океаните во постојано движење, и тоа ги спречува да се покријат со мраз .