Груевски: До крајот на 2017 ќе завршат доградбите на две градинки во Куманово

од desk3
66 прегледи

 Во општина Куманово планирани се две нови градинки. За едната постапката е веќе почната, но има одредени формални пречки бидејќи компаниите дале нешто повисока понуда од претходно планираната. Се бараат начини како тоа да се надмине или во краен случај да се повтори постапката. Во таа градинка треба да се сместат 80 или 90 деца. Втората градинка е во населбата „Гоце Делчев“, каде исто така се планира проширување за нов капацитет од 50 деца.

gruevski_kultura1-670x500

Ова денеска го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на Тенискиот центар „23 Октомври“ во Куманово.

Груевски рече дека за потребата за градинки во Куманово, бил информиран од пратеникот Зоран Ѓорѓиевски, а потоа за оваа тема разговарал со дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов.

– Вкупно 130 или 140 дополнителни деца ќе добијат простор за згрижување до крајот на следната година. Дотогаш се планира да завршат доградбите на овие градинки, додаде Груевски./МИА