
Честите измени на Кривичниот законик предизвикуваат сезиозни последици во правниот систем, предупредуваат експертите. Според нив таквата практика е карактеристика за недемократски држави и треба да престане бидејќи создава правна несигурност, информира Телма.
– Секои избори, а сите знаете колку често ние имаме избори, ние практично имаме ново казнено законодавство, сето тоа креира правна несигурност, невладеење на правото и навистина никому не му помага во решавањето на серизоните општествени проблеми на држави во транзиција како што е Р. Македонија вели проф. д-р Никола Тупанчески раководител на Институтот за казнено право при Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Целиот текст може да прочитате тука