Екипажите на морската авијација на Балтичката флота ќе бидат распоредени постојано и ќе ги чуваат западните воздушни граници на Русија. Калининградска област е посебен регион на Русија, непосредно граничи со земјите од НАТО.

Затоа тренинзите на пилотите не запираат ниту во текот на денот, ниту во текот на ноќта. Пилотите треба 24 часа на ден да се подготвени да ја исполнат секоја задача, пишува “Ѕвезда”. Во рамките на овие тактички вежби пилотите ги одработуваат сите можни варијанти на воздушна борба кај условен противник и уништување на копнени цели со различни видови на оружје.
Единица од ловци Су-27 и бомбардери Су-24 работат како една целина. Тие треба оперативно да бомбардираат копнени цели и да истрелуваат неведувачки проектили по условен воздушен противник.