(ГАЛЕРИЈА) Принцот Џорџ одби да се поздрави со канадскиот премиер

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Кралското семејство може да се пофали како чувар на британскиот протокол, но и покрај тоа, малиот принц Џорџ покажа дека има свое видување за тоа какви треба да се неговите односи со лидери на други земји.5083333 Престолонаследникот, кој е трет по ред за британската круна, одби да се поздрави канадскиот премиер Џастин Трудо при пристигнувањето во официјална посета на Канада заедно со својот татко принцот Вилијам, мајка му Кејт Мидлтон и помалата сестричка принцезата Шарлот.

При слетувањето во Канада во саботата кралското семејство беше дочекано од премиерот и неговата сопруга. По поздравот со Вилијам и Кејт, Трудо застана на колено, за да го поздрави и малиот Џорџ со пријателскиот поздрав за “дај пукне”.

Принцот меѓутоа, категорично ги одби и двата обиди на Трудо да добие поздрав. По неуспешните обиди за детски поздрав канадскиот лидер одлучи да проба со неутрално ракување, но и оваа покана беше одбиена од британскиот престолонаследник.38c7393200000578-3805952-image-a-42_1474808482367

Принцот Џорџ, иако на мала возраст од три годинки, не за прв пат го крши кралскиот протокол при средба со светски лидери. Тој го пречека по наметка и папучи американскиот претседател Барак Обама за време на неговата посета во палатата Кенсингтон во април во рамките на посетата на Велика Британија.

5083334

Принцот Џорџ за време на средбата со Барак Обама.