Дејвид Бекам и Кевин Харт се здружија за да ги презентираат најновите парчиња од колекцијата “H&M Modern Essentials”.
На видеото, необичното дуо може да биде видено како се возaт во автобус и одат на турнеја за промоција на нивното шоу “I, Beckham: The Musical”
Тие се облечени подеднакво исто и се подготвуваат да го освојат Лас Вегас.
Новата реклама е за промовирање на најновата колекција на Бекам за светски познатиот бренд “H&M”, која ќе се најде во продавниците на крајот на месецот.
Видеото е во режија на Фредрик Бонд, кој исто така беше одговорен за претходните две реклами на Бекам за “H&M”, и беше снимено во близина на Лос Анџелес во мај.