Индија во топ 5 производители на автомобили

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Индија ја симна Република Кореја од петтото место меѓу најголемите производители на автомобили. 5082800Ова го покажуваат податоците за производството во оваа индустрија за првите седум месеци од годината, објавени денеска во весникот “Кореја хералд”.

Според Здружението на корејските автомобило-производители за овој период во Јужна Кореја се произведени 2,55 милиони автомобили, додека од конвејрите во Индија за истиот период излегле 2,77 милиони.

Така за прв пат во последните 12 година Јужна Кореја го губи петтото место. Причините се намалување на извозот и на внатрешната продажба поради штрајкови и повисоки даноци за новите автомобили.

На прво место меѓу производителите на автомобили во светот е Кина – 12,79 милиони автомобили за 7-те месеци од 2016, следен од САД – 7,08 милиони, Јапонија – 5,4 милиони и Германија – 3,62 милиони.