(ВИДЕО) Воз излета од шините во Њу Џерси

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Полицијата стравува дека можеби стотина лица се повредени во несреќа што се случи за време на утринскиот шпиц на станицата Хобокен, во Њу Џерси.

nju-dzersi-voz-1

Возот излетал од шините и буквално влетал во станицата. Полицијата пристигна на местото на несреќата, но засега не открива детали, иако се шпекулира дека покрај големиот број повредени можеби има и мртви лица.

Хобокен е една од најфреквентните станици во Њу Џерси, а првите фотографии од местото на несреќата покажуваат дека терминалот е целосно уништен. Дури и покривот се урнал, па поради тоа се стравува дека под него има затрупани луѓе./Мета