(ВИДЕО) Бритни Спирс се уплаши да се преврти на сцената

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Пејачката Бритни Спирс се откажа од превртување на сцената во последен момент. Тоа се случи на фестивалот Apple Music во Лондон.6582f4137eb9eb376edc33456781d236

За време на исполнувањето на една од песните, ѕвездата требало да направи превртување назад со помош на танчер, но во последен момент пејачката одбива тоа да го направи, пренесе NME.

Спирс очигледно се уплашила кога разбрала дека танчерот, кој ѝ помага не е оној со кого таа е навикната да танцува токму овој дел од музичкото шоу.

“Бев во шок кога ги видов овие раце, тие не се на човекот со кого работам во последните три години”, појаснила пејачката.

Таа додаде дека мажот веќе бил на сцената со неа, но досега не соработувале токму во овој момент од спектаклот.