83
Утре Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе го одржи 20-от Конгрес на партијата.
Конгресот ќе се одржи во хотелот „Александар Палас” во Скопје, со почеток во 12:00 часот.
Говорите и обраќањата во првиот дел од Конгресот ќе бидат отворени за медиумите и јавноста, па ќе следува затворен работен дел, а Конгресот повторно ќе биде отворен за јавност кога повторно ќе се обрати претседателот на СДСМ, Зоран Заев, објавувајќи ги заклучоците и одлуките на делегатите.
Овој конгрес ќе биде програмски, односно делегатите треба да ја усвојат изборната програма на партијата за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.