Oсудени Епл на 300 милиони за нарушување права на патент

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Судот во Тексас ја задолжи американската корпорација “Епл” да плати 302,4 милиони долари на компанијата “ВирнетЕкс” за нелегалното користење на нејзини технологии. 5091976“Епл” ги прекршила правата на два патенти во сопственост на “ВирнетЕкс”, пренесува “Блумберг”. Едниот од нив се однесува на технологиите, кои се користат во апликацијата за видеоповици “ФејсТајм”, вториот – системот за индивидуална испорака на видео содржина преку мрежата од мултимедијален сервер, т.н. VoD.

“ВирнетЕкс” постојано поднесува тужби против “Епл”. Во 2012 година судот ги призна претензиите за оправдување: “Епл” мораше да исплати над 368 милиони долари, но Апелациониот суд подоцна ја врати таа одлука.

“ВирнетЕкс” се занимава со лиценцирањето на интелектуална сопственост и поседува големо портфолио со патенти на различни технологии. Нејзината централа е сместена во државата Невада. Компанијата и претходно водела тешки дела со големите технолошки гиганти како “Мајкрософт” и “Циско”.

На пример, компанијата на Бил Гејтс мораше да му плати на “ВирнетЕкс” 200 милиони долари поради кршење на патентот на технологијата што се користи во Скајп.