На средбата заеднички беше истакната неопходноста од регуларни избори во Македонија, како и потребата од демократска Влада во Република Македонија.
-Во декември мора да има фер избори и на таквите избори убедени сме дека СДСМ и опозицијата ќе ја добијат одговорноста да ја водат државата. Ние се отворивме целосно како партија за граѓаните и веќе работиме на приоритетите за граѓаните и за Македонија по декември. Човекот е во нашиот фокус, секој да има добар живот во Македонија и за таа цел вчеравечер Конгресот на СДСМ усвои План 180, на што ќе се посвети новата Влада во првите 6 месеци, како и План за итните реформи во првите две години од мандатот, рече претседателот Заев.
Пратеникот Ховит кој беше еден од тројцата европратеници што го олеснуваа преговарачкиот процес меѓу власта и опозицијата дава силна поддршка на напорите на СДСМ за обнова на демократските процеси во Македонија како и на заложбите за стабилизирање на животниот стандард на граѓаните.