Ахмети реферираше пред ОБСЕ: Сеопфатни, веродостојни и демократски избори

од desk3
77 прегледи

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во Скопје се сретна со специјалниот претставник на Парламентарното Собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа, Роберто Батели и неговите соработници.

1475498616-aa

Како што соопшти ДУИ, Ахмети зборуваше за значењето на ставање крај на политичката криза во земјата преку одржување сеопфатни, веродостојни и демократски избори. Тој се осврна, се додава, и на потребата за враќање на евроатлантската и реформска агенда од страна на Владата по изборите и истакна дека ДУИ е партнер на меѓународната заедница во постигнување на заедничката цел.
– Македонија има потреба за стабилни институции кои ќе дејствуваат во спроведувањето на сите реформи и ќе работат кон решавање на името, интеграција на земјата во НАТО и отворањето на преговорите за членство во Европската Унија бидејќи само оваа агенда обезбедува добри меѓуетнички односи, благосостојба и економски развој, стои во соопштението од ДУИ./МИА