
Клиниката за гинекологија и акушерство ја демантира изјавата на д-р Душко Филиповски, претседател на Здружението на приватни гинеколози, дека се сомнителни резултатите од пап тестовите што се прават на оваа клиника бидејќи повеќето се уредни, што, пак, не е случај со резултатите на приватните клиники.
Стручниот колегиум на Клиниката за гинекологија вели дека ова е неосновано клеветење на гинеколошката клиника со тенденција за нарушување на угледот на оваа установа, а со тоа и праќање на погрешна порака до целата јавност. Ова може само да биде причина за вознемиреност која се упатува кај сите сегашни и идни пациентки, велат од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Во продолжение го пренесуваме во целост демантот од Клиниката за гинекологија и акушерство.