Првите кадри од долго очекуваното продолжение на една од најуспешните филмски секвенци “Пиратите од Карибите” се веќе факт. По мачна за фановите шестгодишна пауза, Џони Деп ќе се врати на големиот екран во култнатата улога на неразумниот и авантуристички антихерој Џек Спароу во новиот “Пиратите од Карибите: Мртвите не зборуваат” во 2017.
Иако студиото сè уште го крие познатиот пират од љубопитните гледачи, првиот трејлер на филмот ветува типични за серијата акции и напнати моменти и, можеби, најбесниот и страшен непријател досега – капитен Салазар (носителот на “Оскар” – Хавиер Бардем).
Новата авантура го наоѓа капетан Џек Спароу во крајно неповолна положба кога смртоносните духови на загинати морнари, на чело со страшниот капитен Салазар (Хавиер Бардем), кои успеваат да излезат од Бермудскиот триаголник и ветиле дека ќе ги убијат сите пирати во морето – односно Џек .
Единствената шанса за опстанок на Спароу е во легендарното трио на Посејдон, но за да го најде, тој мора да склучи несигурен сојуз со Карина Смит (Каја Скоделарио) – брилијантен и убав астроном, и Хенри (Брентон Туејтс) – своеволен млад морнар од Кралските поморски сили.
“Пиратите од Карибите: Мртвите не зборуваат” е со учество уште на Кевин Р. Макнали во улогата на Џошами Гибс, Голшифте Фарахани како морската вештерка Шансата, Стивен Греам во улогата на Скрм, Дејвид Венхам како Скарфилд. Џефри Раш се враќа во култната улога на капитен Хенри Барбоса. Еспен Сенберг и Јоахим Ронинг се режисери на “Пиратите од Карибите: Мртвите не зборуваат” со продуцентот Џери Брукхајмер.