Наскоро автомобилите на бензин и дизел во ЕУ ќе бидат само мит

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Намалувањето на испуштање на штетни гасови од традиционалните автомобили е одлучувачки чекор за исполнување на Парискиот договор за климата.

1475947882-shutterstock-272033252

Горниот дом на германскиот парламент (Бундесрат) нуди од 2030 година да не се пуштаат во употреба нови автомобили со бензин и дизел мотори, соопшти германското неделно списание “Шпигел”, цитира ТАСС.

Во предлог се повикува Европската комисија да ја преиспита сегашната практика на оданочување и собирање такси во автотранспортот и да се стимулира транзицијата кон еколошки транспорт.
Според Бундесратот тоа треба да стане на таков начин, но не подоцна од 2030 година во целата Европска унија во употреба да се пуштаат само возила кои не испуштаат во атмосферата штетни гасови.

Намалувањето на испуштањето на штетните гасови од традиционалните автомобили е една од клучните чекори за исполнување на Парискиот договорот за климата. До 2050 година Германија треба да го намали испуштањето во атмосферата на јаглерод диоксид за 95 проценти.

Транзицијата кон електрични во Германија сепак станува бавно. Како што забележува “Шпигел” дури субвенциите за купување на такви автомобили не даваат резултат. Според експерти, ситуацијата е таква не само затоа што возачите преферираат испробани со децении традиционални автомобили, туку и затоа што нема доволно развиена инфраструктура за масовно користење на електрични возила.