Што е садо-мазо? Популарниот стереотип за болните игри, чија еротика ја разбираат грст луѓе, е поврзан со ропството и доминацијата над психата, брутална дисциплина за непослушковците и уште пеколни казни за тие кои ги вршат. Додатоците сепак ретко се од метал, канали, почесто се од црна кожа.
Пред неколку дена ново истражување ги расветли потенцијалните придобивки, од кои би можеле да се искористат доминирањето и послушноста во садо-мазо игрите. Во журналот “Психологија на свеста: Теорија, истражување и практика” научниците изложуваат теза во која главен аргумент е дека пеколните секс игри можат да влијаат позитивно врз човечката свест. Студијата е прва од ваков вид, досега никој научник не е навлегол зад темните завеси на камшичните задоволства.
Во истражувањето учествувале 7 парови, практичари на садо-мазо. Научниците распределиле по случаен избор кој од учесниците да биде активен и кој пасивен во “љубовната” игра. Паровите потоа биле замолени да демонстрираат омилени еротски практики за определено од нив време. Во овој момент научниците ги набљудувале внимателно случувањата и ја анализирале состојбата на двајцата мазохисти.
Истражувачите забележале дека по почетокот на непослушниот судир нивото на стрес кај учесниците се паднати до многу ниски нивоа. Мазохистите дефинитивно изгледале возбудени, расположението им било добро. Од страна научниците забележале дека учесниците во истражувањето изгубиле поим за времето додека се измачувале. Експертите ја споредуваат оваа состојба со фазата во која запаѓаат уметниците кога творат – заробени од дејството, како ништо друго не постои.
Активните учесници (доминантните) дефинитивно уживале да ги “тероризираат” партнерите, а неактивните (претежно) биле како хипнотизирани. Сите доминирани паднале во т.н. состојба на преодна хипофронталност – одложување на префронталниот кортекс на мозокот, поради вонредна концентрација на некој настан, во случајот плескање. Ова одлагање на мозочните функции ги редуцира чувствата на болка и ги претвора во пријатни емоции. Мазохистите ја опишуваат состојбата со зборовите “лет и спокојство”.
“Садо-мазото може да биде добро решение за луѓето кои не можат да се ослободат од постојаното размислување над човечката егзистенција и лични проблеми”, изјави Time професорот по психологија Бред Сагарин од Универзитетот во Северен Илиноис, кој е автор на иновативното истражување .
“Мазохистичките практики можат да го задржат човекот во реалната средина – што е ситуацијата тука и сега, бидејќи тоа заклучување, несигурност и сите оние силни емоции го тераат умот на доминираните да се смири”, смета проф. Сагарин.
Секако, ова не значи дека сите треба да ги напуштат часовите по јога, да побрзаат кон камшик, велејќи “Да, господару” … Но ако садо-мазото е она нешто во кревет, што ви се допаѓа, веќе имате научно оправдана причина да го практикувате.