Демократски сојуз: Да се распушти Парламентот

од Vladimir Zorba
129 прегледи

„Демократскиот сојуз, до Собранието на Република Македонија, достави Предлог -Одлука со која бара Парламентот да се распушти, со што ќе се создадат Уставни можности, изборите да се одржат на 11 декември 2016 година.

e83799db02038b47b105454b0b629712

Согласно договорот од 31 август 2016 година, четирите партии констатираа дека има услови за одржување на предвремени парламентарни избори, при што како датум го определија 11 декември.

За подготовка на сите партии за учество на изборите неопходен е период од најмалку два месеца, поради што предлагаме во текот на денот распуштање на Парламентот.

Инаку освен предложените промени за работата на СЈО и заштитени сведоци, други реални причини за одложување на самораспуштање на Парламентот нема.

Севкупната криза во Македонија предолго трае и ги загрозува перспективите и развојот на земјата, поради што се неопходни промени на власта, кои можe да се случат на фер, демократски и кредибилни избори.

Демократскиот сојуз очекува поддршка од сите парламентарни партии и независни пратеници“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.