Астрономи со уникатно откритие во центарот на Млечниот пат

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Откритието е направено со помош на инфрацрвениот телескоп VISTA на Европската јужна опсерваторија.

1476344492-shutterstock-117719419

Со помош на инфрацрвениот телескоп VISTA на Европската јужна опсерваторија, астрономите открија куп од древни ѕвезди во центарот на Млечниот пат, соопшти УПИ. За првпат ѕвезди од тип RR Lyrae се откриени во нашата галаксија.

RR Lyrae се променливи ѕвезди, поврзани претежно со ѕвезда чија популација е стара најмалку 10 милијарди години. Откривањето е во центарот на Млечниот пат и наведнува на мислата дека галаксијата е формирана од спојување на примарни ѕвезда купишта.

Бидејќи повеќето галактични центри се “густо населени”, е тешко да се истражуваат. За среќа на астрономите центарот на Млечниот пат е доволно блиску за да може да биде испитуван.

Ѕвездите од тип RR Lyrae често се затемнети од светлината од помладите и поживи ѕвезди и од облаци прашина. Откривањето се сличи неодамна благодарение на истражувањата со VISTA.

Научниците се надеваат дека откривањето на десетина ѕвезди од тип RR Lyrae во преполниот центар на Млечниот пат ќе им помогне на астрономите да создадат модел на формирањето на галактични испакнатини – древни густи јадра, откриени во центарот на повеќето спирални галаксии.

“Откривањето на ѕвезди тип RR Lyrae во центарот на Млечниот пат е од значење за формирањето на галактично јадро – вели астрономот Родриго Контрерас Рамос од Универзитетот на Чиле.
– Собраните податоци ја поддржуваат теоријата дека централната кривина била создадена од неколку глобуларни, кои се спојувале. ”

Додека некои астрономи сметаат дека галактичните испакнатини се должат на спојување на глобуларни купишта, други тврдат дека се формирале како резултат на акреција на гас.

Резултатите од истражувањето се објавени во Astrophysical Journal.